Насловна / Архитектура / Гангстер ја изгради највисоката дрвена куќа во светот

Гангстер ја изгради највисоката дрвена куќа во светот

40.jpgЗа човекот кој ја направи највисоката дрвена зграда во Русија, а со тоа и во светот, таа е еднаква на осмо светско чудо. Многумина не се сложуваат со таа констатација, но куќата на  Николај Сутјагин дефинитивно е чудна и уникатна градба. Доминирајќи на хоризонтот на градот Архангелск на крајниот север на Русија, се верува дека тоа е највисоката дрвена куќа на светот. Има 13 ката и согласно димензиите е половина од славниот Биг Бен во Лондон. Куќата на Сутјагин е речиси пред распаѓање, незавршена и под постојана закана на градските власти кои сакаат да го урнат 15-годишното ремек дело на овој екцентрик.



 Сутјагин почнал да ја гради дрвената куќа во 1992 година. Прво сакал да направи само два ката, но да бидат 39.jpgголеми со што ќе си ја потврди позицијата на најбогатиот и најмоќен човек во градот. Но, убеден од некои пријатели да ги види дрвените куќи во Норвешка и во Јапонија, бил сигурен дека не го искористил просторот на покривот добро, па продолжил да гради. Прво додал нови три ката, но куќата му личела на печурка па одлучил да продолжи со градењето. Пак му се случило истото, па додал уште два ката. Она што излегло на крајот е чиста случајност, вели тој. Бидејќи пораснал во комунистичка ера, во мала соба, имал амбиции да го смени животниот стил. Затоа се заборавил во градењето. Се акомодирал бидејќи имал пари, за потоа да заврши во затвор заради рекетирање. Додека бил во зазатвор, му ја ограбиле сета покуќнина, дури му ги фрлиле и автомобилите во локалната река. Кога излегол од затвор, останал без скршена пара. Дрвениот дворец останал празен, а тој и неговата сопруга продолжиле да живеат на првиот кат. Она што денес останало го гази забот на времето, но многумина признаваат дека Сутјагин направил добра дрвена куќа ако се има предвид дека самиот ја замислил и самиот со свои раце ја 41.jpgкренал. Како што опаѓала неговата моќ, растело незадоволството на соседите и на градот. Тие сметаат дека куќата не е плански изградена, па сакаат да ја срушат. Во меѓувреме, Сутјагин заработува од туристич ки обиколки на неговото ремек дело и не дава ниту штица да фали од неговата куќа.   Р.П.  

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top