Насловна / Вести / Футуристички објекти никнуваат низ светот

Футуристички објекти никнуваат низ светот





chicago_spire.jpgКако
да знаете дека облакодерот ви е висок? Ако мора да го скратите зашто ги крши
прописите кои велат дека зградите не смеат да бидат повисоки од околните
планини?! Тоа беше случај со Интернационалниот трговски центар во Вест Коулун,
во Хонгконг, кој во финалниот проект мораше да биде “скусен“ за скоро 100 метри. Во
исто време во Њујорк почнува изградбата на облакодер, кој ќе ја надвиши позната
Крајслер зграда. Њујорк добива уште два облакодера. “Бикман

кулата (264 метри и 68 ката) и кулата “Вера
(352 метри и 78 ката).
Монденскиот изглед на “Бикман
му дава интересната, „лелеава“
површина. Направена од нерѓосувачки челик, зградата изгледа како да се бранува благодарение
на специјалните каскадни истурени делови. Благодарејќи на лелеавата надвореш ност,
просториите внатре во неа ќе бидат со необични димензии и секој кат ќе биде
поинаков, различен.





sinostil_kina.jpgЖителите на Менхетн се бунеа против изградбата
на кулата “Вера
поради радикалниот, аглест угаоног дизајн, а особено поради тоа што ќе ја
надвиши прочуената Крајслер зграда. Челично-стаклената монолитна градба од 78
ката ќе има станови и хотелски апартмани на повисоките, а галериски простор,
како додаток на Музејот на модерни уметности, на пониските катови. Зградата “
The bow (лак) го доби името по својот единствен облик на лак. Целата јужна страна
на зградата е стаклен атриум. Кога ќе биде готова, 2011 година, таа ќе биде
висока 236 метри со 58 ката и ќе биде највисокиот облакодер во Калгари, Канада.
“Синостил Интернешенел плаза
, во Тианјинг, Кина, изгледа како иронична
шега на сметка на работната сила која работи „како во кошница“. Меѓутоа,
изгледот на саќето од пчела за оваа огромна деловна зграда ќе има специјална
улога  ќе  даде стабилност и ќе  помогне да се регулира количеството светлина
и топлина што влегува во објектот. Благодарение на шестаголните прозорци, сите
простории ќе добиваат доволно количество дневна светлина, а тоа истовремено ќе
помогне да се одржува температурата во зградата, што значително ќе ја намали
потрошувачката на енергија. Среќникот кој ќе добие канцеларија во Ал Хамра
кулата во Кувајт ќе има прекрасен поглед, бидејќи зградата ќе гледа на целиот
град и на Арапскиот Залив. Благодарејќи на својот извиткан облик, кој најмногу потсетува
на плашт, кулата не личи ни на еден друг облакодер на светот.
sinostil_noke.jpg







Ал Хамра ја дизајнираше
архитектонската фирма „Скидмор, Оуингс и Мерил”, кои стојат и зад прочуениот
„Бурџ
chicago_spire_2.jpgДубаи. Кулата Ал Хамра ќе биде висока 412 метри, а на 77 ката ќе се најдат
деловните простории, шопинг-центарот и гаражата. Во Гуангџо, Кина, се гради
телевизиска кула и видиковец со висина од 610 метри. Тоа ќе биде трета по
височина градба на светот. Околу нејзината „половина“ и на врвот ќе има
видиковци, а на 37. ката ќе се сместат ресторани, галерии, конференциски сали,
продавници, кина и телевизиска опрема. Интернационалниот трговски центар во
Вест Коулун, во Хонгконг, ќе биде понизок од она што е планирано, бидејќи по првобитниот
проект требало да биде повисок од околните планини. Затоа дизајнерите го
„спуштија
од 579 на 490 метри (118 ката). Сепак, тој ќе биде највисока зграда во
Хонгконг. Покрај трговскиот центар, кој веќе е отворен во подрумот на објектот,
тука ќе бидат сместени и канцелариски простории и хотелот „Риц Карлтон
.
Поради тоа што лобите на хотелот ќе се наоѓаат на 426 метри, тој ќе стане и највисок
хотел на светот! Спиралата во Чикаго чија фасада е заротирана за 360 степени во
однос на нејзината основа ја дизајнираше никој друг туку архитектот Сантјаго
Калатрава, автор на проектот на спортскиот комплекс за Олимписките игри во Атина,
новиот стаклен мост во Венеција и што уште не. Зградата од 150 ката ќе има
систем за собирање на дождовницата која ќе се рециклира и потоа ќе се користи
за наводнување на паркот кој ќе се наоѓа внатре во неа. Внатре во облакодерот
ќе има и склад за велосипеди, стаклени површини кои ќе бидат засолниште за
птиците преселници и подземен паркинг.

 

М.З.

Објавено во бр.99 30.01.2009г.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top