Насловна / Дневни Вести / Европа да ја сфати важнноста на регионалните патни коридори

Европа да ја сфати важнноста на регионалните патни коридори

panevropski-koridori.jpgЗагреб – На состанок на министри за сообраќај на неколку земји во регионот во Загреб, на кој не присуствуваа единствено претставници од Србија и на Црна Гора, потпишана е декларација со која институциите на ЕУ се повикуваат да ја сфатат важноста на коридорите Пет, Осум и Десет, во смисла за поврзаност на регионот со земјите на ЕУ.

Со состанокот претседаваа хрватскиот министер за море, сообраќај и
инфраструктура Божидар Калмет и словенечкиот министер за сообраќај
Патрик Влачиќ, а учествуваа министри за сообраќај на Босна и
Херцеговина Рудо Видовиќ, на Македонија Миле Јанакиески, државниот
секретар во министерството за привремена влада на Косово Скендер Гаши и
заменик министерот за сообраќај на Албанија. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top