
Во Софија ќе се гради несекојдневен хотел. Имено, група бугарски архитекти и дизајнери најавија иновативен проект за изградба на хотел од контејнери кои се користат во прекуокеански транспорт.

Иако сè уште не е прецизирана конкретната локација и инвеститорот, дизајнирањето на овој амбициозен проект е во процедура и се најавува негова изградба до крајот на годината.

Првиот хотел изграден од контејнери во Софија се очекува да биде на девет ката, а како предност се посочува издржливоста, безбедноста и економичноста на проектот. Во светот, овој начин на изградба на хотели, студентски домови или ресторани, веќе не е изненадување.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија