Употребата на системи за вештачка интелигенција, како што е ChatGPT, меѓу учениците ќе ги одвикне од самостојно размислување и ќе ги натера да веруваат дека 2×2=5, изјави академикот, претседател на Научниот совет за методологија на вештачка интелигенција и когнитивни истражувања на Руската академија на науките, Владислав Лекторски.
„Таква опасност навистина постои. И, според мене, таа веќе се забележува кај учениците. Поврзано е со образовниот систем, каде што учениците, во потрага по одговори на разни прашања, посегнуваат по системи за вештачка интелигенција, како што е ChatGPT и други платформи. И така се одвикнува од размислување“, изјави Лекторски за РИА Новости на прашањето дали масовната употреба на вештачката интелигенција ќе доведе до тоа човекот да размислува сè помалку самостојно.

Според него, денешната задача на образованието не е само да ги „вооружи“ учениците со знаење, туку кај нив да развива способноста за критичко и самостојно мислење.
„Некои од експертите што работат во областа на образованието неодамна рекоа: ако ученикот е навикнат да ѝ верува на вештачката интелигенција, тогаш ако ВИ му каже дека 2×2=5, тој ќе поверува во тоа и ќе помисли дека е вистина. Ова е ужасна работа, ова воопшто не смее да се дозволи“, вели академикот. Затоа, вели, потребно е јасно да се повлече граница помеѓу областите во кои можат и треба да се користат можностите на ВИ и оние во кои нејзината употреба е апсолутно неприфатлива.

Образование во ерата на вештачката интелигенција
ВИ веќе значително го промени начинот на кој децата учат, комуницираат и донесуваат одлуки. За разлика од претходните бранови на дигитализација (компјутери, интернет, таблети), ова не станува збор само за алатка за прикажување содржина, туку систем што може да преземе голем дел од менталната работа наменета за детето.
Авторите ги споредуваат ефектите на вештачката интелигенција со влијанието на социјалните мрежи – таа може да ги прошири можностите преку персонализирана содржина, пристап до материјали или може да биде поддршка за деца со попреченост – но во исто време може да ја наруши концентрацијата, вештините за читање, трпението при решавање сложени задачи и вештините за комуникација лице в лице.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија