Од март 2026 година, новореставрираната Villa Beer во малото виенско предградие Хицинг ги отвори своите врати за јавноста, по внимателен процес на реставрација кој го враќа реткиот пример на виенскиот модернизам во центарот на вниманието. Накратко: ако уживате во посета на модернистичка архитектура и со нетрпение очекувате да видите места како Villa Tugendhat на Мис ван дер Рое во Брно и реновиранaта Е-1027 на Eileen Gray на Азурниот брег, обиколката на овој бисер од 20 век би можело да биде вистински избор.

Изградена во 1930 година во виенското предградие Хицинг, Villa Beer е единствен пример за архитектура што истовремено го следи и преиспитува модернизмот. Иако нејзиниот нарачател набрзо банкротирал, а зградата со децении ги менувала сопствениците и намените, денес е реставрирана како музеј – простор што сведочи за визијата на архитектите Josef Frank и Oskar Wlach и времето во кое е создадена.

Во 1930 година, индустријалецот за каучук Јulius Beer нарачал вила во отменото предградие Хицинг. Тој ги избрал Josef Frank и Oskar Wlach за архитекти.

Julius and Margarethe Beeр

Josef Frank и Oskar Wlach
Програмата која им ја доставил изискувала проект развиен по принципот на мансарда, збир од спирални скали и плоштади, во чие срце се наоѓа бродска платформа за концертно пијано. Beer брзо банкротирал, а вилата тргнала на тешко патување, помеѓу банки, осигурителни компании, привремени станари, британска воена администрација и последниот сопственик кој се судел со сите.

„Villa Beer е дело на двајца архитекти од пред 95 години. Мојата задача беше да ја вратам што е можно поблиску до нивната идеја, а не да ја реализирам мојата. Сè понатаму е фасцинантно. Како да се однесува кон историската патина? Како да се покаже дека нема враќање на старо ниту за куќите? На крајот, се одлучивме за оригиналот со траги на употреба. Куќата се претставува како жив организам, а не случај на перфектна санација“, истакнува архитектот Christian Prasser.


„Имаме среќа што со 650 квадратни метри, двојно е поголема од многу објекти што се користат како музеи. Villa Müller на Адолф Лос во Прага, Villa Savoye на Курбизје во близина на Париз се помали. Затоа ја сместивме музејската инфраструктура во подрумот, а ги оставивме горните катови да блеснат“, вели Lothar Trierenberg, директор на Музејот Villa Beer.

И архитектите и нарачателот се Евреи. Преживеаните од семејството Beer емигрирале во Америка. Архитектот Oskar Wlach, инаку заборавен како коавтор, починал сиромашен во Њујорк. Josef Frank имал повеќе среќа. Заминал во Шведска и станал светско име во дизајнот на ткаенини за ентериер. Она што денес се нарекува „шведски дизајн“ изворно е дизајн на Frank.

„Villa Beer е претставник на модерната, додека во исто време го надминува модернизмот. Тоа е класична куќа со два влеза, која користи историски цитати. Ако ја погледнете перспективата во која стојат градината и еркер – прозорците, се гледа дека визуелниот впечаток и интеграцијата на пејзажот им биле поважни на архитектите отколку пуризмот. Белината на ѕидовите останала, но била коригирана со флорални дезени на ткаенините на Frank. Ова е модернизам во хедонистичка фаза“, објаснува Prasser.

Она што го создадоа Mies van der Rohe, Adolf Loos или Josef Frank, најкратко е да се опише како концерт за скали, столбови и греди зад фасада со окулус, воловско око или бродски прозорец. Тој тип архитектура патува низ времето како чувство, иако првично бил дефиниран како функција.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија