Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“, Струга се одржа регионална работилница во рамките на проектот NATURE-DEMO, финансиран од Европската комисија (www.nature-demo.eu), организирана од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС . Целта на настанот беше да се покаже како природата може да помогне критичната инфраструктура да стане поотпорна на климатските промени.

На падините на браната Глобочица се применуваат природни и иновативни пристапи за заштита и подобрување на функционалноста на инфраструктурата и сите нејзини придружни објекти.

Настанот ја обедини научната фела, претставниците од државната енергетска компанија, локалната власт, јавните претпријатија и граѓанскиот сектор, покажувајќи уште еднаш дека отпорноста на инфраструктурата е заедничка одговорност.
Презентирани беа анализи, проценка на ризици и практични решенија за демо-локацијата, како и дискусии за примена на решенија базирани на природата во поширок контекст.

„Проектот има за цел да развие и демонстрира решенија кои ја зголемуваат отпорноста на критичната инфраструктура во услови на екстремни климатски ризици, како што се поплави, ерозија и екстремни временски настани. Овие решенија комбинираат традиционални инженерски методи со одржливи природни пристапи кои ја користат природата како дел од системот за заштита“, информираат организаторите.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија