Насловна / Вести / Во организација на ИЗИИС одржана работилница за примена на природни решенија со цел отпорна инфраструктура во ХЕС „Глобочица“

Во организација на ИЗИИС одржана работилница за примена на природни решенија со цел отпорна инфраструктура во ХЕС „Глобочица“

Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“, Струга се одржа регионална работилница во рамките на проектот NATURE-DEMO, финансиран од Европската комисија (www.nature-demo.eu), организирана од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС . Целта на настанот беше да се покаже како природата може да помогне критичната инфраструктура да стане поотпорна на климатските промени.

На падините на браната Глобочица се применуваат природни и иновативни пристапи за заштита и подобрување на функционалноста на инфраструктурата и сите нејзини придружни објекти.

Настанот ја обедини научната фела, претставниците од државната енергетска компанија, локалната власт, јавните претпријатија и граѓанскиот сектор, покажувајќи уште еднаш дека отпорноста на инфраструктурата е заедничка одговорност.

Презентирани беа анализи, проценка на ризици и практични решенија за демо-локацијата, како и дискусии за примена на решенија базирани на природата во поширок контекст.

„Проектот има за цел да развие и демонстрира решенија кои ја зголемуваат отпорноста на критичната инфраструктура во услови на екстремни климатски ризици, како што се поплави, ерозија и екстремни временски настани. Овие решенија комбинираат традиционални инженерски методи со одржливи природни пристапи кои ја користат природата како дел од системот за заштита“, информираат организаторите.

Испрати коментар

Scroll To Top