Насловна / Архитектура / Во Комората бесплатна работилница „Персонализиран темплејт во Ревит“

Во Комората бесплатна работилница „Персонализиран темплејт во Ревит“

Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, ќе се одржи бесплатна Autodesk работилница, првиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.

Цел на работилницата

Дали сте почнале да работите во Revit, сте поминале курс, но не сте ја увиделе предноста на софтверот во однос на класичниот AutoCAD? Дали првиот проект ви одзел повеќе време да го сработите во Ревит, отколку што би било потребно време да го сработите на класичниот начин? Сето ова е затоа што не сте ја увиделе вистинската сила на Revit, која во голема мера доаѓа од употребата на персонализирани темплејти.

Затоа, целта на оваа работилница е учесниците да разберат што е Revit Template и зошто е критичен за BIM workflow. Тука, учесниците ќе се научат да креираат основен темплејт, да постават стандарди (Units, Levels, View Templates, Families) и да изработат автоматизирана документациска структура.

Важна напомена: Препорачано е учесниците на работилницата да дојдат со свои лаптоп компјутери, за да бидат во можност паралелно да работат на вежбите заедно со предавачот. На компјутерите е потребно да биде инсталирана Revit 2025 или 2026 верзија на софтверот. Пробна верзија на Revit можете да симнете од следниот линк: https://www.autodesk.com/products/revit/free-trial

Работилницата ќе се одржи на 26.02.2026 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.

ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората > РЕГИСТРАЦИЈА

Агенда на работилницата:

9:30 – 10:00     Регистрација и кафе за добредојде

10:00 – 10:05   Добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions

10:05 – 10:30   Вовед: Стратегија за Template

10:30 – 11:15   Основни поставки

11:15 – 11:25   Кратка пауза

11:25 – 12:10   View Templates

12:10 – 12:30   Пауза 20 мин. (освежување и кетеринг)

12:30 – 13:15   Annotation & Documentation Setup

13:15 –13:55    Schedules и Automation

13:55 – 14:20   Финализирање и Save as Template

14:20 – 14:40   Прашања и одговори

Предавач:

Никола Стрезовски – Архитект со 20+ годишно искуство како проектант но и како едукатор – бил демонстратор, и предавач на УКИМ (кај проф. Митко Хаџи Пуља и Минас Бакалчев), на ФОН и во приватни училишта, ентузијаст за нови софтвери и нови технологии, последно време 3д печатење. Денес е проектант во градежна компанија – Масон Инженеринг и БИМ Менаџер.

Со БИМ се занимава повеќе од 10 години и меѓу македонските архитекти пропагира и ги поддржува во унапредување на своите вештини.

Испрати коментар

Scroll To Top