Насловна / Вести / Словенија е способна сама да ја финансира изградбата на нуклеарката „Кршко 2“

Словенија е способна сама да ја финансира изградбата на нуклеарката „Кршко 2“

Словенија е способна сама да ја финансира изградбата на новата нуклеарна електрана „Кршко 2“, покажал последниот извештај на работната група за подготовка на моделот за финансирање на овој проект. Извештајот и е презентиран на Владата на Словенија, на седница на која е донесена одлука за подготовка на национален просторен план за нуклеарката „Кршко 2“. Планот би требало да и биде претставен на јавноста во втората половина на 2027 година, а усвојувањето е очекувано во втората половина на 2028 година. Во склоп на подготовките за изработка на планот, ќе биде изработена студија за проценка на влијанието врз животната средина, како и студија за проценка на прекуграничното влијание.

На крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, кога ќе бидат познати сите неопходни податоци, ќе биде распишан и референдум. По повод извештајот на работната група за подготовка на моделот за финансирање на „Кршко 2“, премиерот на Словенија истакнал дека финансирањето на проектот е многу важно прашање, бидејќи половина од идната производна цена на електричната енергија, според светските искуства зависи од вредноста на инвестицијата и трошоците за финансирање на проектот.

Инвестицијата е проценета на 9,6 милијарди евра за инсталиран капацитет од 1.000 MW и 15,4 милијарди евра за инсталиран капацитет од 1.650 MW. Се очекува производната цена на електричната енергија да биде 60-68 €/MWh.

Испрати коментар

Scroll To Top