ГРАДИМЕ ДА ТРАЕ е телевизиски проект за ГРАДЕЖНИШТВО во продукција на НАША ТВ.
Денес премиерно во 20 часот ќе се емитува нова епизода на тема – БИМ технологии – главни придобивки. Реприза од емисијата можете да погледнете во недела во 14 часот
Иако перцепцијата е дека БИМ доминира во високоградбата, сепак трендовите се менуваат. Денес, БИМ станува незаменлив и во нискоградбата.

Проектирањето на патишта, тунели, мостови и железница преку интелегентни модели овозможува прецизно пресметување на ископите и насипите што е клучно за контрола на буџетот кај големите инфраструктурни проекти.
За инвеститорите, БИМ е алатка за сигурност. Главната придобивка не е само убавата 3Д визуелизација, туку прецизноста на податоците. Инвеститорот добива точни количини на материјали, реален временски план и драстично намалување на непредвидени трошоци. БИМ овозможува подобра контрола врз парите и транспарентност во секоја фаза, што го прави целиот процес на инвестирање помалку ризичен.

Првиот предуслов за воведување на БИМ не е само купување на скап софтвер, туку промена на менталитетот и недостаток на национална стратегија.
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ЗНААТ!
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ МОЖАТ!
линк од најава: https://www.facebook.com/share/v/1AXZZNLtd2/
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија