Насловна / Вести / Motorola започна со продажба на телефонот Razr 60 FIFA World Cup 26 Edition

Motorola започна со продажба на телефонот Razr 60 FIFA World Cup 26 Edition

Motorola на почетокот на јануари го претстави паметниот телефон Razr 60 FIFA World Cup 26 Edition, кој сега е достапен за купување преку официјалната веб страница на оваа компанија. Цената ан уредот изнесува 699,99 долари и доаѓа со 256 GB меморија. Што се однесува до спецификацијата, идентичен е со било кој друг модел Razr 60, но доаѓа во посебна боја инспирирана од фудбалот, со златни логотипи Motorola и FIFA World Cup 26.

Телефонот има 6,9- инчен LTPO AMOLED преклоплив екран со резолуција од 1.080×2.640 пиксели, како и 3,6- инчен екран со резолуција 1.056×1.066 пиксели, MediaTek Dimensity 7400X процесор, 8 GB RAМ, главна камера од MP sсо оптичка стабилизација на сликата, ултраширока камера од 13 MP, селфи камера од 32 MP и батерија со капацитет од 4.500 mAh. Користи оперативен систем Android 15.

Испрати коментар

Scroll To Top