Насловна / Вести / Денес емисијата Градиме да трае, тема: БИМ технологии – главни придобивки

Денес емисијата Градиме да трае, тема: БИМ технологии – главни придобивки

ГРАДИМЕ ДА ТРАЕ е телевизиски проект за ГРАДЕЖНИШТВО во продукција на НАША ТВ.

Денес премиерно во 20 часот ќе се емитува нова епизода на тема – БИМ технологии – главни придобивки. Реприза од емисијата можете да погледнете во недела во 14 часот

Иако перцепцијата е дека БИМ доминира во високоградбата, сепак трендовите се менуваат. Денес, БИМ станува незаменлив и во нискоградбата.

Проектирањето на патишта, тунели, мостови и железница преку интелегентни модели овозможува прецизно пресметување на ископите и насипите што е клучно за контрола на буџетот кај големите инфраструктурни проекти.

За инвеститорите, БИМ е алатка за сигурност. Главната придобивка не е само убавата 3Д визуелизација, туку прецизноста на податоците. Инвеститорот добива точни количини на материјали, реален временски план и драстично намалување на непредвидени трошоци. БИМ овозможува подобра контрола врз парите и транспарентност во секоја фаза, што го прави целиот процес на инвестирање помалку ризичен.

Првиот предуслов за воведување на БИМ не е само купување на скап софтвер, туку промена на менталитетот и недостаток на национална стратегија.

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ЗНААТ!

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ МОЖАТ!

линк од најава: https://www.facebook.com/share/v/1AXZZNLtd2/

Испрати коментар

Scroll To Top