Насловна / Арт и дизајн / Значењето зад медалите на Зимските олимписки игри, но и истрага зошто се кршат

Значењето зад медалите на Зимските олимписки игри, но и истрага зошто се кршат

Медалите на Зимските Олимписки и Параолимписки игри 2026, носат силно симболично значење. Тие се состојат од две одвоени половини кои се спојуваат во целина и замислени се како метафора за единството на градовите домаќини, Милано и Кортина д’Ампецо, но и како симбол на самата суштина на победата и напорите што спортистите ги вложуваат за да ја постигнат, индивидуално или како тим. Овие медали, исто така, ја истакнуваат клучната улога на околината на спортистот, без разлика дали станува збор за тренери, семејство или членови на тимот.

„Медалите од Милано Кортина 2026 се повеќе од самите награди: тие се срцето што чука во ритамот на Италија, суштината на дизајнот што инспирира и одразот на сонот што се остварува. Тие го сумираат идентитетот на една земја, нејзината креативност, нејзината страст за спорт и убавина“, објаснува Џовани Малаго, претседател на Фондацијата Милано Кортина 2026.

„Секој медал, олимписки или параолимписки е приказна врежана во металот: сведоштво за напорната работа, решителноста, жоткажувањето и надежта на оние кои живееле за да се искачат на подиумот. Но, тој исто така ја раскажува приказната за Италија која верува во најавтентичните вредности на спортот. Оние кои ќе го освојат ќе понесат со себе не само признание за победата, туку и жив фрагмент од италијанскиот дух, вечен симбол на она што сме способни да сонуваме и она што заедно можеме да го оствариме“, додава.

Рафинирани и современи во исто време, линиите на овие медали се инспирирани од италијанската авангарда. Двете различни текстури симболизираат средба на два света и визијата за спортот во која натпреварувањето обединува, наместо да разделува, целосно инспирирајќи ги олимписките и параолимписките вредности. Вкупно 1.146 медали (златни, сребрени и бронзени) изработени се за победниците во Istituto Poligrafico e Zecca dello Stato, што им дава на овие медали материјална форма со наведените значења.

Покрената истрага: Зошто се кршат олимписките медали

Но за жал од почетокот на Олимпијдата некои добитници на медали се соочуваат со непријатност поврзана со освоените медали.

Организаторите на Зимските олимписки игри во Италија „внимателно истражуваат“ зошто неколку олимписки медали доделени на разни спортисти се скршиле.

Бризи Џонсон и Алиса Лиу, освојувачки на златни медали за Америка, рекоа дека нивните медали веднаш по добивањето се откачиле од лентите накои биле закачени.

Џонсон беше најдобра во спуст во алпско скијање, а веднаш потоа на прес-конференција го покажа оштетениот медал.

Бризи Џонсон

„Еве го медалот. А еве ја и лентата. Еве го малото парче што го прицврстуваше медалот и да, скршено е“, рече таа.

Во снимка на социјалните мрежи, Лиу посочи сличен проблем откако го освои златото во американскиот тим во уметничко лизгање.

На снимката го држи медалот во едната рака, а лентата во другата, со коментар: „На мојот медал не му треба лента“.

Еба Андерсон, шведската скијачка која освои сребро во скијатлон, исто така наводно го доживеала истиот проблем, како и германскиот биатлонец Јустус Штрелов, кој освои бронза во мешаната штафета.

Бризи Џонсон

Истрагата за овој необичен проблем е во тек, соопшти Андреа Францизи, шеф на организацискиот тим на олимпискиот турнир во Кортина и Милано.

„Целосно сме свесни за ситуацијата. Истражуваме точно во што е проблемот. Ќе обрнеме посебно внимание на медалите, бидејќи сакаме сè да помине совршено кога се доделуваат медалите, бидејќи тоа е еден од најважните моменти за спортистите“, вели тој.

Од Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД велат за Би-Би-Си дека чекаат организаторите да го решат проблемот.

Сè уште не е потврдено дали на натпреварувачите ќе им бидат доделени нови медали наместо оштетените.

Најскап медал на сите времиња

Олимписките медали се изработени во италијанската државна ковница на пари во Рим и се првите во историјата на Игрите што се направени целосно од рециклирани метали добиени од производствен отпад.

Лиени се во индукциски печки напојувани исклучиво со обновлива енергија.

Дизајнот на медалите под слоганот Две половини, една целина го симболизира обединувањето на двата града домаќини (Милано и Кортина), но и соработката на спортистите и нивните тимови.

Секој медал има дијаметар од 80 и дебелина од 10 милиметри.

Златна тежи дури 506 грама. Изработена е од 500 грама сребро и шест грама чисто злато.

Поради рекордно високите цени на племенитите метали на светскиот пазар, златниот медал од Милано и Кортина вреди околу 2.300 долари, повеќе од двојно повеќе од медалот од Париз 2024.

Испрати коментар

Scroll To Top