Насловна / Вести / Во Кина, пуштена е во погон најголемата постројка за складирање на енергија со компримиран воздух

Во Кина, пуштена е во погон најголемата постројка за складирање на енергија со компримиран воздух

Најголемата постројка за складирање на енергија со помош на компримиран воздух на светот, со капацитет од 2,4 GWh, започна со работа во источната кнеска провинција Џангсу. Постројката за складирање на енергија со помош на компримиран воздух (CAES), се состои од два блока од по 300 MW. Системот функционира така што воздухот се компримира во подземни резервоари во депозити на сол во текот на периоди со ниска побарувачка од електрична енергија.  Потоа, тој се ослободува во периодите на повисока потрошувачка за да се произведе електрична енергија.

Системот користи растопена сол и термална вода под притисок за контрола на топлината, а ефикасноста ан конверзијата достигнува 71%, соопштува Harbin Electric Corporation, компанијата која ја испорачала опремата за проектот. Првиот блок со моќност од 300 MW, достигнал полн оперативен капацитет во декември 2025 година, додека вториот е пуштен во работа пред неколку дена. Вкупната вредност на инвестицијата се проценува на 520 милиони американски долари, а се очекува постројката годишно да произведува 792 GWh електрична енергија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top