Насловна / Вести / Црна Гора ја доби првата електрана на депониски гас во регионот

Црна Гора ја доби првата електрана на депониски гас во регионот

Црна Гора ја доби првата електрана на депониски гас во регионот, еколошки проект на депонијата за комунален отпад „Можура“ во близина на Бар. Овој капацитет овозможува намалување на емисиите и влијанието на депонијата врз околината, како и производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,8 милиони евра. Во моментот постројката е во пробен погон, а веќе ги има добиено сите потребни согласности за комерцијална работа.

Електраната функционира така што го собира депонискиот гас кој настанува со разградување на отпадот и преку посебен систем се доведува до постројката каде се користи како погонско гориво за задвижување на гасен мотор односно понатаму и  генератор.  Гасниот мотор е од брендот Jenbacher , а целата постројка е автоматизирана и има висока оперативна сигурност. Инсталираната моќност е 0,99MW. Планирано е годишно да произведува околу 7,5 GWh електрична енергија.

Финансирањето на овој проект е обезбедено првенствено од депонијата „Можура“, како носител на проектот, потоа од Еко фондот на Црна Гора, додека словенечкиот партнер CMSR учествувал со донација од 631.800 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top