Насловна / Архитектура / Градинка во Порторико метафора на циклусот на животот

Градинка во Порторико метафора на циклусот на животот

Надворешно игралиште се наоѓа во срцето на оваа прстенеста бетонска градинка во Порторико, проектирана од локалното биро Toro Arquitectos за да создаде „безбедна, привлечна и функционална средина“ за децата.

Градинката Ciales го заменува поранешното погребно претпријатие, кое е трансформирано од Toro Arquitectos и проширено со кружна структура покрај него.

„Незабележителната“ постоечка зграда е претворена во канцелариски простор, додека во новиот бетонски прстен се наоѓаат просториите за учење и играње на децата.

„Градинката Ciales ќе ја задоволи непосредната потреба за предучилишно образование во Ciales и околните општини во централен Порторико“, соопшти бирото. „Четириесет и осум деца ќе имаат корист од овој нов објект.“

Сместени во долината на реката Manatí покрај високи варовничко-карстни карпи, двете згради се во остра спротивност една со друга.

„Ги отстранивме сите површински декоративни мотиви од постојната зграда за да ја интензивираме нејзината состојба на ‘заднинска зграда’, дозволувајќи и на новата градинка да стане протагонист“, велат од Toro Arquitectos.

Дијаметарот на бетонскиот прстен совршено се поклопува со работ на постарата зграда, а структурата е поделена на 12 еднакви сегменти.

Формата го максимизира погледот од 360 степени кон надвор, а воедно создава приватна и заштитена зона за децата внатре.

„Оваа стратегија на проектот не само што одговара на природната убавина на локацијата, туку и поттикнува безбедна, привлечна и функционална средина за децата и персоналот“, велат архитектите.

Околу екстериерот, бетонските ѕидови обликувани од плочи испрекинати се со врати и големи отвори покриени со вертикални жалузини кои обезбедуваат сенка и кријат погледи кон внатре.

 

Шесте училници се свртени кон внатре и се отвораат кон централниот двор, каде што кругови од зелена трева и шарена опрема формираат игралиште.

Голема надвстрешница над покривот создава надворешна циркулација што е заштита од тропското време на Порторико – нудејќи и сенка од сонцето и засолниште од дождот.

Парови училници делат три дополнителни помали простори за играње на отворено околу периметарот, а уште еден сегмент е исто така посветен на заедничка игра.

Мазните бетонски површини се оставени изложени долж ѕидовите внатре, оживеани со интензивни нијанси на подот, плочките и мекиот мебел.

„Иронијата локација на погребален дом да стане центар за ран развој на деца беше сеприсутна во текот на целиот процес на проектирање“, велат Toro Arquitectos.

„Кога се одлучувавме за кружна основа за да се разликува градинката од постојната зграда, создавајќи дијалог меѓу двете, сфативме дека кружната форма, ненамерно, стана метафора на циклусот на животот.“

Испрати коментар

Scroll To Top