Бугарија влегува во клучната фаза од проектот за изградба на 7ми и 8ми блок во нуклеарната електрана „Козлодуј“. Потпишувањето на договор со канадски конзорциум ги поставува темелите за проектирање, изградба и пуштање во погон на новите блокови, користејќи AP1000 технологија, позната по безбедност, ефикасност и флексибилност.

Конзорциумот го сочинуваат три водечки меѓународни компании – Laurentis Energy Partners (LEP), BWXT Canada Ltd. и Canadian Nuclear Partners S.A. (CNPSA). Министерот за енергетика на Бугарија истакнал дека компаниите ја докажале својата способност да работат квалитетно, во зададените рокови и во рамките на буџетот. Партнерството овозможува пренос на канадско искуство во Бугарија, го поддршува ширењето на оваа технологија и обезбедува сигурна и достапна енергија за земјата.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија