Занимавање со филозофија и други општествени науки генерално бара многу време за размислување. И кога стан се прилагодува на луѓе за кои оваа наука е нивниот примарен ангажман, јасно е дека во него ќе има многу простор за ваков вид активност.

Сместен во руската престолнина Москва, овој стан од 82 квадратни метри е проектиран од бирото CXEMA. Било потребно да се создаде простор за пар кој ја цени тишината и осаменоста пред сè и за кого менталната работа е на прво место, пишува ArchDaily.
Кога се проектира простор за пар со овие интереси, јасно е на што е ставен главниот акцент – полица за книги.

Просторност и интимност
Клиентите поставиле јасна задача за архитектите, тие сакале простор кој е доволно простран, но исто така направен така што има делови каде што секој може да има агол за себе. Поради ова, во станот се направени многу прегради, но за тоа одбрана еколошка иверица.

Дневната соба, каде што има голема полица за книги, е најголемата соба во станот. Во неа е сместена сива софа, голема дрвена маса и неколку други парчиња мебел. Трпезаријата е исто така сместена во овој простор, а кујната е делумно одвоена така што просторот за готвење има свое место. Затворениот балкон послужил како уште еден дополнителен простор каде што се поставени два стола и маса.

Скриено место
Работната и спалната соба се скриени зад полицата која се наоѓа во дневната соба. Полицата во исто време служи како преграден ѕид со две врати, од кои едната води кон просторот за спиење, а другата кон работниот дел.

Другата страна на полицата послужила како основа за создавање на просторот за спиење, кој е подигнат од подот и е направен од дрво. Разликата во висината овозможила создавање простор за складирање, кој е добредојден и во спалната и во работната соба.

Отворен простор со многу природна светлина, со скриени и одвоени делови, кои ја чувуваат интимноста и ја задоволуваат потребата за осаменост.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија