Во Европската унија, 12,2% од сите материјали употребени во текот 2024 година потекнувале од рециклажа, соопшти Eurostat. Со тоа е постигнато највисоко ниво на циркуларна употреба на материјалите било кога забележано, со благ пораст во однос на 2023 година и зголемување од 1,0% во споредба со 2015 година.

Овој показател, познат како стапка на циркуларна употреба на материјалите или “стапка на циркуларност“, го мери уделот на рециклираните суровини во вкупната потрошувачка на материјалите во економијата. Највисока стапка на циркуларност во 2024 година имала Холандија (32,7%), пред Белгија (22,7%) и Италија (21,6%). На дното на листата се наоѓаат Романија (1,3%), потоа Финска и Ирска (2,0%) и Португалија (3,0%). Разликите од држава до држава главно произлегуваат од односнот помеѓу користењето на „примарни“ ресурси и количината на материјали кои се враќаат во економијата преку рециклирање.

Во периодот помеѓу 2015 и 2024 година, стапката на циркуларност забележала раст во 21 земја членка. Најголем раст забележале Малта (+14 процентни поени), Естонија (-9,1 процентни поени), Чешка (+7,9 процентни поени), Словачка (+7,2 процентни поени) и Холандија (+5,3 процентни поени). Пад е регистриран во шест земји, од кои најцеќе во Полска (-4,2 процентни поени) и Финска (-3,2 процентни поени). Анализирано по видови на материјали, највисоката стапка на циркуларност во ЕУ во 2024 година се однесува на металните руди (23,4%).
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија