Насловна / Арт и дизајн / Porsche x SMEG: Кога луксузни автомобили ќе влезат во вашата кујна

Porsche x SMEG: Кога луксузни автомобили ќе влезат во вашата кујна

Кога два света што дишат со ист дизајнерски код ќе се спојат, резултатот е вистинска магија. Porsche и Smeg ги здружија силите во колекција што ја носи енергијата на мотоспортот меѓу тенџерињат и шолји. Наречена е Porsche x Smeg: Driven by Passion, Rafined by Design, и повеќе личи на разговор помеѓу две бренд – свесни компании за занаетчиството, наследството и за тоа како треба да се чувствува добриот дизајн во секојдневниот живот – отколку на класична „flashy“ колаборација.

Линијата вклучува сè што е потребно за стилизирана кујна: фрижидер, апарат за кафе од зрно вдо шолја, бокал, тостер и блендер. Но, вистинската моќ лежи во деталите. Секој предмет зрачи со Porsche прецизност – чист, безбеден и наменски, додека го зачувува шармот на Smeg од средината на векот. „Основата на оваа соработка е заедничка филозофија: да се создадат предмети кои не се само функционални, туку и емоционално инспиративни“, објаснува Stefan Büscher, извршен директор на Porsche Lifestyle Group.

Најмногу внимание привлекува лимитираната едиција инспирирана од легендарната победа на Ле Ман од 1970 година – модел 917 KH во црвена боја Salzburg Red. Фрижидерот и апаратот за кафе се во иста боја, со #23 и бели ленти. Произведени се само 1.970 примероци, како почит кон годината кога Porsche првпат триумфираше во генералниот пласман на Ле Ман.

Покрај едицијата Salzburg, Porsche и Smeg нудат уште две опции: Carrara White Metallic и Shade Green Metallic, бои земени од палетата на Porsche. Секое парче носи суптилни детали од Porsche – мат црни рачки, минималистички акцентни линии, чист дизајн што потсетува на елегантната силуета на 911. Дури и копчињата со броеви и термометрите се нумерирани по мерка, давајќи ѝ на колекцијата тој убав „дополнителен допир“ без пренагласена брендирана естетика.

Најдоброто од сè? Оваа соработка не е ниту претенциозна ниту нападна – овде се само два бренда на кои навистина им е грижа за тоа како се прават работите. Секој пат кога ќе го сипете вашето прво утринско кафе или ќе се напиете пијалок од фрижидерот, ДНК-та на Porsche се чувствува во секое движење.

Испрати коментар

Scroll To Top