Унгарската влада го усвои првиот закон за вештачка интелигенција (AI) кој обезбедува ефикасна заштита на домашните фирми и корисници. Законот е донесен по усвојувањето на националната стратегија за AI во септември оваа година.

Новиот закон, креиран со професионална поддршка на министерството за стопанство, тесно е поврзан со националната стратегија за AI која придонесува унгарските граѓани и фирми да добијат максимум од технолошкиот развој. Законот предвидува воспоставување на унгарски Совет за вештачка интелигенција. Тоа тело, кое ќе го води владин комесар за AI, ќе ја помогне униформната примена на законот со развој на конкретни насоки, а исто така со препораки и предлози ќе го помогне работењето на владата. Овој Совет функционира како широк форум кој ќе ги консултира претставниците во сферата на истражувањето, економијата и социјалните прашања, се истакнува во соопштението на надлежното министерство.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија