Насловна / Вести / Ново електронско издание: Модул #2 – Дрвена кровна конструкција, достапен и на македонски јазик

Ново електронско издание: Модул #2 – Дрвена кровна конструкција, достапен и на македонски јазик

Ново електронско издание – вториот модул од серијата прирачници за проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови, сега достапен и на македонски јазик!

НОВО ИЗДАНИЕ – ПРОЕКТИРАЊЕ КОНСТРУКЦИЈА ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ

МОДУЛ #2 – ДРВЕНА КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА

Што содржи овој прирачник?

  • Проектни пресметки за дрвените елементи на кровот + врски (според Еврокодовите)
  • Пресметка на проектни оптоварувања
  • Верификација на граничната состојба на носивост и употребливост за: OSB плочи, рогови, рожници, греди
  • Проектирање и контрола на врски
  • Анализа на стабилност – Дрвена дијафрагма

Што го прави овој прирачник посебен?

Македонската верзија е целосно прилагодена со националните параметри (NDP) од Еврокод стандардите.

За авторите:

  • Лаурин Ернст – Градежен конструктор и основач на Structural Basics, со богато искуство во проектирање на различни видови конструкции
  • Проф. д-р Сергеј Чурилов – Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје, со над 20 години искуство во проектирање, ревизија и анализа на градежни конструкции

Идеален за:

  • Инженери кои работат со Еврокодови или сакаат да ги освежат и прошират своите знаења
  • Студенти по градежништво
  • Ентузијасти

Набавете го Вашиот примерок во електронска форма:

  • Стандардна цена за македонското издание: https://lnkd.in/dJYi4rhm
  • Цена за студенти (50% попуст): Контактирајте ме за код за попуст!

Модулот #1 – Дејства, е достапен на македонски јазик на: https://lnkd.in/e6NpUiPm

Овој прирачник е резултат на соработката со Laurin Ernst од Structural Basics, кој несебично го сподели своето знаење и искуство. Благодарност до него за оригиналната верзија и можноста да ја адаптираме за македонскиот пазар!

Испрати коментар

Scroll To Top