Насловна / Вести / Критичните суровини се новата нафта, а електронскиот отпад е рудник

Критичните суровини се новата нафта, а електронскиот отпад е рудник

Електронскиот отпад во Европа крие богатство од околу милион тони критични суровини годишно, доволно да формира линија бродски контејнери од Париз до Цирих. Тоа го покажува новиот извештај Перспективи за критични суровини, на проектот FutuRaM, кој ги анализирал тековите на електронски отпад во ЕУ, Велика Британија, Швајцарија, Исланд и Норвешка. Авторите на документот предупредуваат дека речиси половината од овие материјали остануваат недостапни, а дека рецилирањето и поправките нудат значајни можности за намалување на зависноста на Европа од увоз и за поддршка на климатските и економските цели.

Критичните суровини со причина го носат тоа име. Неопходни се за функционирање на економијата, посебно за зелените и дигитални технологии. На некој начин, критичните суровини се нафтата во времето во кое живееме и се наоѓаат речиси во секој уред кој го користиме. Соодветно на тоа, електронскиот и електричен отпад е своевиден урбан рудник. Со искористување на овој потенцијал, Европа би ги намалила ризиците во сигурноста на снабдување, ќе создаде нови работни места и ќе придонесе во остварувањето на климатските цели.

Извештајот истакнува дека годишната количина на отпад до 2050 година ќе изнесува помеѓу 12,5 и 19 милиони тони годишно, односно количината на критични суровини во овој отпад ќе бележи раст од 1,2 до 1,9 милиони тони годишно. Овие проценки се засновани на три сценарија: продолжување на постоечката пракса, опоравок и циркуларност. Во првите две сценарија се задржуваат сегашните обрасци на потрошувачка, што доведува до постојан пораст на количината на генериран отпад. Наспроти тоа, сценариото на циркуларност претпоставува подолг век на траење на производите, почести поправки и повторна употреба, како и помал број нови уреди кои влегуваат на пазарот, што резултира со значително помала количина на отпад.

Во зависност од политиките и ефикасноста на рециклирањето, Европа до 2050 година би можела да врати помеѓу 0,9 и 1,5 милиони тони критични суровини годишно. Со цел да се зголеми ефикасноста и обемот на рециклажа на критичните материјали, неопходно е да се унапреди проектирањето на производите заради нивно полесно демонтирање на составни компоненти. Европа зависи од трети земји за над 90% од критичните суровини кои ги користи, а рециклира само 1%.

Испрати коментар

Scroll To Top