Насловна / Вести / Градот Турчени во Романија стартува со енергетска трансформација вредна 380 милиони евра

Градот Турчени во Романија стартува со енергетска трансформација вредна 380 милиони евра

Турчени е познат по тоа што во непосредна негова близина е лоцирана една од најголемите термоелектрани на јаглен во Европа со инсталиран капацитет од 2.300MW. Во моментот работи со половина од капацитетот, но плановите се електраната целосно да биде затворена, а овој регион на јаглен да се трансформира. Решението е во зелена енергија и нови технологии. Градските власти имаат потпишано договор со Европската Инвестициска Банка за агросоларни паркови, постројки за складирање на енергија и капацитети за производство на зелен водород. Вредноста на проектот е 380 милиони евра.

Турчени со пошироката админитративна област има 7.000 жители. Партнери во проектот се Bankwatch Romania и GAL Sudul Gorjului. Имплеметацијата е планирана за следната година. Проектот ќе придонесе за праведна транзиција во регионот преку зголемување на производството на енергија од обновливи извори. Постојат и планови за искористување на геотермална енергија за греење и за земјоделски цели.

Испрати коментар

Scroll To Top