Насловна / Вести / Најдоцна до 2033 година, зелениот челик ќе биде поефтин од конвенционалниот

Најдоцна до 2033 година, зелениот челик ќе биде поефтин од конвенционалниот

Зелениот челик ќе стане поефтин од конвенционалниот за пет до осум години, изјавил Гунар Греблер, извршен директор на компанијата Salzgitter. Овој германски производител на челик, кој воедно е еден од најголемите европски производители на челик, смета дека не е далеку моментот кога челикот направен од зелен водород ќе стане конкурентен на челикот произведен со користење на јаглен. Сепак, се истакнува дека овие прогнози зависат првенствено од достапноста на зелениот водород и трошоците за електрична енергија од обновливи извори. Salzgitter, планира да започне да нуди зелен челик од 2027 година и очекува годишно да користи околу 150.000 тони зелен водород.  Со тоа ќе стане и еден од најголемите производители на зелен водород во Германија.

Инаку, германската индустрија на челик е најјака во ЕУ. Минатата година произвела 37,2 милиони тони сиров челик, што сочинувало речиси 30% од вкупното производство на ЕУ. На глобален план, Германија е седми најголем производител на челик во светот, со пазарен удел од 2%. Salzgitter годишно произведува 7-9 милиони тони челик.

Испрати коментар

Scroll To Top