Дали сте знаеле дека на Западен Балкан интензитетот на јаглеродот е над пет пати поголем од ЕУ и дека најголем дел од домаќинствата и натаму се греат на јаглен, нафта или традиционалното огревно дрво? Оваа зависност не само што го прави регионот еден од најинтензивните по емисиите на јаглерод во Европа, туку и ја зголемува ранливоста за енергетска сиромаштија, здравствени ризици и економска нестабилност. Со цел да се реши ова, Зелената агенда за Западен Балкан, покрената во 2020 година, поставила јасна цел: намалување на емисиите на CO₂, намалување на зависноста од фосилни горива и премин кон обновливи извори на еенргија. Но, постои препрека – без јквалификувани работници и модерни образовни системи, оваа транзиција не може да успее.

Тука на сцена стапува RESET – Renewable Energy Services in Education and Training проектот. Проектот е спроведен од страна на ERI SEE – Иницијатива за реформа на образованието на југоисточна Европа, со поддршка на германски GIZ и по налог на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), во склоп на Регионалното климатско партнерство.
Во текот на две години (2023 – 2025), RESET тимот работел во шесте економии на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, и остварил конкретни резултати:
- Наставни материјали (Teaching and Learning Materials – TLM): Прв пат се развиени регионални наставни материјали за две клучни подрачја во секторот обновлива енергија – Инсталација и одржување на соларни фотонапонски системи и Инсталација и доржување на електрична опрема во ветерните електрани. Овие практични и модерни водичи, со бројни видео – материјали, вежби и примери, објавени се на јазиците на земјите на Западен Балкан, а достапни се за превземање на следниот ЛИНК.
- Акциски план: RESET во 2025 година, ја координираше изработката на Регионалниот акциски план – Поддршка на образованието и обуките за секторот обновлива енергија. Овој стратешки документ им дава на министерствата, агенциите и другите релевантни институции патоказ за ускладување на активностите со потребите на пазарот на труд во секторот обновлива енергија, обезбедувајќи поддршка за енергетската транзиција.
- Подигање на свеста и промоција на регионално и национално ниво: Преку две регионални EduEnergy конференции, 12 национални настани и таргетирана медиска кампања, RESET ги поврза образовните институции, стопанството, креаторите на политики и пошироката јавност, покажувајќи дека кариерите во обновлива енергија не само што се неопходни, туку се и привлечни, родно и социјално инклузивни и насочени кон иднината.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија