Павилјонот PASONA NATUREVERSE, проектиран од јапонското биро design labo на Satoshi Itasaka за Експо 2025 Осака, е замислен како спирална структура инспирирана од формата на амонитот. Со дијаметар од 43 метри, павилјонот воспоставува просторна рамка каде што се истражуваат теми за животот, екологијата и меѓусебната поврзаност помеѓу човештвото и природата.

Формата на амонитот служи и како архитектонска референца и како симболичен гест, поврзувајќи ги микро и макро димензиите на природните системи. Посетителите се водат по спирална патека што евоцира континуитет и циклично движење, додека геометријата го зајакнува концептот на човештвото како дел од поширок еколошки контекст.

Design Labo ја интегрирале одржливоста со културниот контекст
За Design Labo Studio, еколошките перформанси се составен дел од дизајнот. Павилјонот користи систем за ладење на база на вода во кој тенок филм тече преку површината на покривот, потикнувајќо испарувачко ладење и намалувајќи ја потребата за климатизација. Дождовницата, собрана заедно со водата од покривот, се користи повторно во зградата за функции кои не се за пиење, намалувајќи ја зависноста од надворешни ресурси.

Предвидено е по изложбата, павилјонот да се демонтира и повторно да се состави на островот Аваџи, локалитет кој е препознаен како едно од важните наоѓалишта на фосили на амонити. Ова преместување го продолжува животниот век на структурата и воспоставува континуитет помеѓу формата, местото и геолошката историја.

Преку својата материјална стратегија, системи на животната средина и симболична геометрија, павилјонот PASONA NATUREVERSE ја интегрира одржливоста со културните и еколошки референци, претставувајќи ја архитектурата како медиум што ги премостува природната историја и современата дизајнерска пракса.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија