Во последните години, Унгарија се најде меѓу европските држави кои забрзано ги шират капацитетите на соларна енергија. Според податоците од соопштението на Министерството за енергетика, уделот на соларните електрани во вкупното производство достигнало една четвртина од домашните потреби. Сепак, тоа отвора следни прашања – складирање на вишоците и развој и модернизација на електроенергетската мрежа.

Како едно од решенијата, земјата се свртува кон развој на батериски системи за складирање. Во Будимпешта неодамна е пуштен во работа нов ваков објект на компанијата E.ON. Вредноста нa инвестицијата е околу 2 милиони евра, а дел од финансирањето е обезбедено од Фондот за опоравок и отпорност на ЕУ. Во последните години, државата издвоила повеќе од 410 милиони евра за развој на електроенергетската мрежа, а во тек е јавен повик за системи за складирање во вредност од над 100 милиони евра.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија