Насловна / Вести / Романија планира пет мерки за намалување на цената на струјата и стабилизирање на пазарот

Романија планира пет мерки за намалување на цената на струјата и стабилизирање на пазарот

Романија претстави пакет од пет мерки со кои се планира намалување на цената на електричната енергија и генерален развој на енергетскиот пазар. Министерот за енергетика ги презентирал овие мерки на прес конференција во Букурешт, нагласувајќи дека само 51% од сметките за струја се однесува на реалниот трошок за потрошена енергија, додека остатокот оди на мрежни тарифи, данок и акцизи.

Првата мерка се однесува на воспоставување на механизмот Market Maker, односно избор на оператор кој ќе обезбеди поголема ликвидност на пазарот, ќе ги поттикне долгорочните договори и ќе придонесе за стабилно намалување на цените. Втората мерка подразбира задолжителни гаранции за сите учесници на пазарот со цел зголемување на транспарентноста и намалување на ризиците. Како трето решение се предвидува воведување на динамички и диференцијални тарифи кои ќе ги наградат потрошувачите кои користат енергија во периодите кога таа е најефтина. Четвртата мерка се однесува на трошоците на дистрибутерите, каде се воспоставува единствен механизам на набавка на струја за нивните потреби, што би резултирало во пониски дистрибутивни тарифи за сите потрошувачи. И на крајот, петтата мерка се однесува на обединувањето на сите програми за енергетска ефикасност, кои ќе бидат координирани од страна на Минситерството за енергетика, со цел остварување на воедначени ефекти.

Испрати коментар

Scroll To Top