Компанијата која управува со термоелектраната на јаглен „Марица исток 1“ во Бугарија, заинтересирана е да замени еден од своите котли кои согоруваат јаглен со реактор со растопена сол. Така би го акумулирала вишокот струја од обновливи извори на енергија како топлинска енергија и ќе произведува пареа за постоечките турбини.

Наглиот пораст на капацитетите за производство на електрична енергија од Сонце и ветер, неопходно е да биде следен од соодветни системи за балансирање и флексибилност, бидејќи тие два извори се исклучително променливи. Производството варира во зависност од метеоролошките услови, па количините на електрична енергија испорачани во мрежа често се многу поголеми или помали од побарувачката. Освен системите зза батериско складирање на енергија, постојат и други решенија, од кои некои се на прагот да станат конвенционални.

AES Corp, со седиште во САД, ја разгледува можноста за воведување на една таква иновација во Бугарија. Станува збор за реактор со растопена сол, односно батерија од типот Carnot, која ја претвота електричната енергија во топлинска и обратно. Батеријата би можела да држи доволно топлинска енергија која ќе обезбеди работа на турбогенераторот со полна моќност во текот на пет часа.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија