Група холандски компании кои се занимаваат со водоснабдување, предупредуваат на опасноста од превисоки концентрации на литиум во реката Рајна и бараат од Европската комисија усвојување на европските стандарди за квалитет. Станува збор главно за извори на загадување од индустриско потекло на подрачјето на Германија.

Безбедната граница за литиум во површинските води изнесува 11 микрограми по литар, додека во Рајна биле измерени 13 микрограми по литар. Високата концентрација била измерена во селото Лобит, на местото каде што Рајна влегува во Холандија. Покрај индустриските загадувачи со литиум во Германија, постои и план за изградба на фабрика за рециклажа на литиум во германскиот град Дормаген, недалеку од Дизелдорф. Во овој контекст холандските компании за водоснабдување истакнуваат дека оваа фабрика дополнително ќе ги зголеми концентрациите на литиум во водата, па апелираат на превземање на превентивни мерки.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија