Насловна / Архитектура / Повик за аплицирање на 7. Биенале на Балканска архитектура (БАБ) во Белград

Повик за аплицирање на 7. Биенале на Балканска архитектура (БАБ) во Белград

ПРЕГЛЕД НА ТЕМАТА:

Во периодот од 12-20 Ноември, 2025 година, ќе се оддржи 7. Биенале на Балканска архитектура, манифестација која обединува повеќе земји од регионот на Југоисточна Европа.

Изложбата „НОВИОТ БАУХАУС НА БАЛКАНОТ“ треба да ги изрази идеалите на школата Баухаус прифаќајќи ги принципите за едноставност, функционалност и холизам препознаени во балканската архитектура преку истражувањата за одржливоста, екодизајнот и ангажирањето на заедницата.

Категориите на архитектонскиот, урбаниот, ентериерниот и индустрискиот дизајн како и публикациите продуцирани во регионот треба да покажат адаптација на овие идеали кон нивниот уникатен културен контекст, создавајќи објекти кои се модерни и вкоренети во модернистичката традиција.

Со давање приоритет на потребите и желбите на заедницата, архитектите, урбанистите и дизајнерите во регионот треба да создадат вистински трансформативни простори кои го подобруваат квалитетот на живот за сите жители.

ВАЖНО: краен рок за поднесување на проектите е 1 Октомви 2025 г.

на меил адреса: [email protected] ;

* линк за повеќе информации: https://www.bab.rs/main-exhibition-2025

Контакт:

Проф. др. Михајло Зиноски, Национален комесар на БАБ за РС.Македонија

zinoski.mihajlo@arh.ukim.edu.mk

Испрати коментар

Scroll To Top