Универзитетот „Акдениз“ во Анталија воспоставил партнерство со групацијата „Копуз“ која ќе изгради соларна електрана со номинален капацитет од 50,4MW и ќе управува со нејзината работа. Таа компанија ќе ги обезбеди сите потребни средства за инвестциијата.

Ректорката на универзитетот изјавила дека целта на овој проект е да се задоволат целокупните потреби од електрична енергија во универзитетскиот комплекс, во кој престојуваат околу 100.000 луѓе. Соработката со споменатата компанија е по моделот „изгради – управувај – предај“ и ќе трае 25 години. Станува збор за најголемо јавно – приватно партнерство во кое е вклучен некој универзитет. Се проценува дека оваа инвестиција ќе му донесе на универзитетот годишни заштеди кај трошоците за електрична енергија во вредност од околу 2,3 милиони евра. Постројката ќе произведува 100GWh годишно, од кои универзитетот ќе превзема 24%.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија