Доколку патот ве води во Виена до 21 ноември оваа година, ви обрнуваме внимание дека во институтот за фотографија „Bonartes“ неодамна е отворена изложба насловена „Само најголемите градилишта. Фотографските кампањи на Маријана Штробл“, во која е документирана модернизацијата на австриската престолнина на преминот од 19-ти во 20-ти век.

Како што се менувал главниот град на Австрија околу 1900 година, сè што било новоизградено и модернизирано забележала првата фоторепортерка на индустриска фотографија во време на Австроунгарската монархија, Маријана Штробл од Виена.

Документирана појавата на армиран бетон
Маријана Штробл (1865–1917), за разлика од повеќето нејзини колеги, поминувала малку време во студиото. Работела на големи градилишта и во индустриски постројки. Нејзината задача била да документира конструкции кои повеќе нема да бидат видливи по завршувањето на работите – конструкција, темели, резервоари и машински сали – со што на градежната индустрија и пружила драгоцена визуелна поддршка во аргументирањето на нови и иновативни технологии.

Штробл впечатливо го документирала појавата на армиран бетон, кој на почетокот на 20 век бил револуционерен градежен материјал. Токму низ нејзините фотографии, Виена можела да го претстави овој напредок на поширока публика – градските власти ги користеле и за промотивни цели, што било ретко виден спој од уметничка фотографија и техничка документација.

Сепак, Штробл не само што ги бележела конструкциите и технологијата: таа ги поставувала работниците во просторот, честопати на начин што одел подалеку од сувата техничка евиденција. Нејзините фотографии од пиварници, болници или хотелски кујни имале и естетска и пропагандна функција, нудејќи поинаква перцепција за напредокот во градежништвото и урбаниот живот во Виена.

Изложбата е отворена до 21 ноември
Фотографиите прикажани на изложбата јасно ја илустрираат соработката на Маријана со најразлични нарачатели со цел промовирање нови технологии или напредни идеи, во областите на градежната индустрија, комуналната инфраструктура, па сè до угостителството.
За да ви биде полесно да се снајдете во Виена, да речеме дека Институтот Бонартес се наоѓа на Зајлерштет 22, недалеку од Кобургската палата, а изложбата е отворена до 21 ноември 2025 година. Куратори на изложбата се Моника Фабер и Мартин Кекеис, а повеќе информации и придружната програма можете да најдете тука.
Изложбата е отворена до 21 ноември 2025 година. Куратори на изложбата се Моника Фабер и Мартин Кекеис, а повеќе информации и придружната програма можете да најдете тука.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија