Холандското биро JA Joubert Architecture заврши низа брановидни кули со мешана намена на локација покрај езеро во Тирана, Албанија.

Сместен покрај езерото Тирана Парк, комплексот Lake Views со површина од 135.000 квадратни метри е распореден на две локации кои содржат 1.150 станови, како и јавни и комерцијални содржини.

Ротердамското биро го проектирало комплексот со брановидна форма со цел да „се наклонува и вклопува во теренот“ и да ја ограничи употребата на „повторувачки блокови“, пишува Dezeen.

За да привлекуваат светлина и да нудат погледи наоколниот пејзаж, кулите се врамени со каскадни тераси обликувании да ги имитираат блиските планини.

„Со креирање на оваа брановидна висина и внимателно позиционирање на фасадите, би можеле да имаме поглед од и низ проектот, создавајќи четврт со свој идентитет“, изјави основачот на бирото, Marc Joubert за Dezeen и додава: „Терасите со целосна ширина со жардиниери за крајните станови создаваат зелен поглед, одразувајќи ги зелените ридови и планини околу Тирана“.

Модуларна мрежа го одредила распоредот на кулите, кои се комплетирани со застаклени фасади обрабени со испакнати тераси.

На приземјето, JA Joubert Architecture проектирале локација со двор „прилагоден за пешаци“, каде што патеките обрабени со зеленило ги поврзуваат пониските комерцијални нивоа на кулите.
На поголемата од двете локации, четири кули се издигаат од брановиден трикатен волумен што содржи комерцијален простор.

Нагоре, становите се издигаат во скалеста форма, додека под земја се наоѓа трикана гаража.
Втората, помалата локација, содржи две кули поставени на еден волумен во облик на буквата S, кој е опремен со еден комерцијален кат на приземјето. Слично е опкружена со зелени површини.

„Со извртување на зградите, би можеле да создадеме мирни и тивки јавни и зелени простори на приземјето достапни за сите граѓани на Тирана“, вели Joubert.

Комплексот Lake Views е најновото дополнување на еволуирачката изградена средина на Тирана, која доживеа бум во разиграни проекти од меѓународни архитектонски бироа.

Според JA Joubert Architecture, Lake Views ја одразува поширока архитектонска амбиција на Албанија што „го надминува од обликувањето за да се позабави со отпорноста, удобноста на живеење и квалитетот на заедничкиот урбан простор“.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија