Оваа година се одржува 36. сесија на Ликовната колонија Галичник, една од најреномираните и најпрогресивни уметнички колонии во регионот. Со јасна ориентација кон современите текови во визуелната уметност, колонијата и понатаму гради платформа за иновативна, интер-/транс-дисциплинарна и концептуална продукција.
Темата на изданието за 2025 година е Постмеморија – Одек на тишината, инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации. Овогодишните учесници ќе ја истражуваат неизговорената меморија, тишината како сведоштво, и наследената болка како уметнички материјал, користејќи нови медиуми, архиви, звучни записи, гестови и визуелни фрагменти.

Учесници:
- Никола Радосављевиќ (Србија) – видео уметност, инсталации
- Дејан Крстиќ (Србија) – звучна уметност, перформанс
- Красимир Терзиев (Бугарија) – дигитална уметност, текст
- Калина Димитрова (Бугарија) – фотографија, архивски пристап
- Далиа Белосиноф (Грција) – визуелна поезија, инсталации
- Мариа Анвандер (Австрија) – концептуални текстуални интервенции
- Клара Вит (Австрија) – медиумски инсталации, фотографија
- Ренеа Беголи (Косово) – цртеж и предмети на меморија
- Лука Соудан (Холандија) – аудиовизуелни композиции
- Иванчо Талевски (С. Македонија) – микс-медија, личен архив
- Ана В’чкова (С. Македонија) – дигитален колаж, фотографија

Марија Анвандер
Изложба – Национална галерија, ноември 2025
Делата создадени на оваа сесија, заедно со продукцијата од претходната 2024 сесија, ќе бидат изложени пред македонската јавност во ноември 2025 во Националната галерија – објект Мала станица. Изложбата ќе биде придружена со професионално изработен каталог, кој ги документира уметничките процеси и концептите зад проектите.

Данај Белосиноф
Благодарност
Организаторите изразуваат искрена благодарност до Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кое веќе 36 години ја препознава уникатноста, квалитетот и важноста на ова културно случување; а исто така и до институциите и партнерите како: Австриската амбасада во Скопје, Бугарскиот културен центар во Скопје; Casinos Austria; Пивара Скопје; Месна заедница Галичник и голем број пријатели на колонијата за нивната помош, промоција на културните вредности и збогатување на програмата.
Нивната континуирана поддршка овозможува вкрстување на уметноста, културната меморија и современата мисла, токму таму каде што најмногу треба — во срцето на планината, во тишината што зборува.
Уметнички директор, д-р Ана Франговска

Иванчо Талевски

Дејан Крстиќ
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија