Насловна / Вести / Inter Cars Expo 2025: Спектаклот на автоиндустријата стигнува во Сараево

Inter Cars Expo 2025: Спектаклот на автоиндустријата стигнува во Сараево

После долга низа години откако Сараево и БиХ немале респектабилна изложба од светот на автоиндустријата, Inter Cars Босна и Херцеговина го најавува Inter Cars Expo 2025. Тоа ќе биде еден од најголемите регионални настани од овој вид, кој ќе се одржи на 20-ти септември 2025 година во сараевска Скендерија. 

Настанот ќе ги собере на едно место клучните светски брендови, водечките производители на автоделови и опрема, но и над 1000 домашни сервисери и стручњаци. На саемот своите производи ќе ги претстават над 60 реномирани добавувачи од областа на автоделовите, пневматиците, масла, батерии и сл. Настанот ќе им овозможи на постетителите прилика директно да се запознаат со најновите технологии, производи и иновации во индустријата. Има и посебно значење бидејќи им пружа поддршка на младите механичари, ученици од техничките училишта и идни професионалци, преку обуки и работилници, демонтрации на производи и опрема и сл.

 

Испрати коментар

Scroll To Top