Насловна / Арт и дизајн / Отворена изложбата „Flora Imaginarium“ на Зоран Кардула

Отворена изложбата „Flora Imaginarium“ на Зоран Кардула

Во петокот, 18 јули во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) се отвори изложбата „Flora Imaginarium“ на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула.

Познат по своите поп-арт и конструктивистички естетики, Кардула овој пат ги комбинира елементите на илустрација, графички дизајн и визуелна поезија. Изложбата се состои од повеќе дизајнирани постери, дигитални колажи и експериментални графички композиции кои ја прикажуваат флората како визуелна симфонија, но и како форма на тивка критика.

Кардула е еден од најистакнатите македонски уметници и дизајнери, чија работа е препознаена и надвор од границите на земјата. Добитник е на повеќе меѓународни признанија, а неговите дела се изложувани во САД, Италија и ширум Балканот. Познат е по редизајнот на југословенските филмски плакати, соработките со брендови како Swatch и Swarovski.

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top