Производителот на комерцијални возила Daimler Truck објави дека до крајот на деценијата планира да укине вкупно околу 5.000 работни места во Германија. Бранот откази е најавен на презентацијата нa стратегијата во американската сојузна држава Северна Каролина, само еден ден откако компанијата пријавила пад на продажбата за 5% во второто тромесечие. Слабите тромесечни резултати одразуваат осетен пад на побарувачката на клучниот американски пазар.

Daimler спаѓа меѓу најголемите производители на камиони во светот и во второто тромесечие продал 106.715 камиони и автобуси, што е за 5% помалку во однос на истиот период минатата година. Продажбата на огранокот Trucks North America забележала пад од 20%, на 38.580 возила. Азискиот огранок забележал скок на продажбата од 13%.
Веќе во мај годинава, управата објавила дека ги усогласила ставовите со централниот работнички совет за клучните точки поврзани со германските локации кои вклучуваат гасење на работните места.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија