Насловна / Вести / Стан во Варшава трансформиран во смело засолниште на максималистички модернизам

Стан во Варшава трансформиран во смело засолниште на максималистички модернизам

Бирото за проектирање ентериери Mistovia со седиште во Катовице работеле на реновирање стан во варшавскиот кварт Прага. Ентериерот е инспириран од постиндустриската преродба на населбата и го претворил станот во жив културен центар, смело спојувајќи го поедноставниот, минималистички сензибилитет со талент за неочекувано под креативната мантра „повеќе е повеќе“.

Потпирајќи се на својот препознатлив дизајнерски јазик на модернистичка носталгија, тимот испреплетол контрастни текстури, експресивни материјали и еклектична мешавина од винтиџ и современи парчиња за да создаде карактеристичен простор кој го одразува неговиот сопственик, адвокат кој патува низ целиот свет во неговите шеесетти години.

Станот бил поделен на неколку помали соби, но со проектот е преуреден за да се создаде отворен простор за живеење. Единствената пречка, конструктивен столб што е невозможно да се отстрани, трансформиран е во архитектонски централен дел следејќи го принципот „ако не можеш да го скриеш, истакни го“.

Соголен од гипсените облоги до неговото бетонско јадро и проширен со перфориран ѕид од керамички стаклени блокови, сега го одделува главниот простор за седење, трпезарија и кујна од интимниот простор за читање. Украсен со шарена апстрактна слика, третманот на столбот го отелотворува пристапот на Mistovia кон реновирањето на станот: оголен до неговото сирово, бетонско јадро, тимот оставил некои делови недопрени, особено таваните, додека на други им даодле декорација.

Обложени со видливи кабли, бетонските тавани се надополнети со полиран микроцементен под, што претставува поедноставена кулиса за карактеристичната игра на форми, бои и текстури на Mistovia. Заоблените агли на ѕидовите, лачната врата и закривените кујнски елементи ги омекнуваат бруталистичките тонови на станот, додека завршните обработки како што се впечатливиот темен фурнир на кујната и текстурираните зелени плочки, внесуваат живописни тактилни импулси. Интересно е што оваа авантуристичка палета на бои првично не била зададена; почетната визија на сопственикот била во сиви и бетонски тонови, за на крајот да се согласи да биде насочуван во похрабра насока.

Во кујната, проектантите се одлучиле за естетика на вселенското доба, дизајнирајќи аеродинамичен челичен остров кој се потпира на две препознатливи жолти ногарки кои потсетуваат на иконичните дела на Еро Сааринен. Горе, зелен кристален лустер набавен од ќерката на сопственикот додава лична нота, додека природната кварцитна работна површина со својата прекрасна сина нијанса додава уште еден слој на сложеност на боите.

Околниот мебел раскажува свои приказни: хромирани жичени столчиња, винтиџ стол од иверица и бордо класик Verner Panton од 60-тите години се измешани со нови парчиња од полски брендови како што се NG Design и Six Dots Design. Од еклектичната колекција мебел до петте прекинувачи за светло во станот, избрани да ги надополнат специфичните завршни обработки на ѕидовите, целокупното внимание кон деталите на проектот е впечатливо и за почит.

Проектирана како потивко засолниште, спалната соба е единствен простор без бетонски таван, обвиткана наместо тоа со бели и природни дрвени тонови. Од друга страна, главната бања, во која се влегува преку лизгачка врата, е поинаква приказна. Тука, максималистичките тенденции на проектантите доаѓаат до целосен израз со жива палета што вклучува мермер Rosso Francia во теракота нијанса, употребен како впечатлива позадина за скулптурална самостојна када, небесно сини плочки слични на оникс, фурнир од орев и розови мозаични плочки Bardelli. Пругаст бетонски мијалник поставен на Patricia Urquiola ормар со кариран фурнир го дава завршниот допир.

Испрати коментар

Scroll To Top