Насловна / Архитектура / Пријавете со во ААМ за номинација за наградата EU MIES AWARDS

Пријавете со во ААМ за номинација за наградата EU MIES AWARDS

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ги известува своите членови дека во рамки на соработката меѓу ААМ и реномираната европска архитектонска награда EU MIES AWARDS, се отвора можност да испратат предлог-номинации на реализирани проекти кои ќе се најдат во конкуренција за номинација и потенцијално за добивање на ова престижно признание.

УСЛОВ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Проектите треба да бидат реализирани во периодот од 1 мај 2023 до 30 април 2025.

АПЛИКАЦИЈАТА ТРЕБА ДА СОДРЖИ:

  • Име на проектот
  • Име на авторот / студиото
  • Период на реализација
  • Локација
  • Краток опис на проектот (до 500 зборови), со осврт на неговите архитектонски и концептуални квалитети
  • Фотографии (максимална големина: 3MB)

Ве молиме вашите предлози да ги испратите на е-mail на ААМ: [email protected] најдоцна до 17 јули 2025.

По пристигнувањето на апликациите, Управниот одбор на ААМ заедно со надворешен експерт ќе изврши селекција на проектите што ќе бидат предложени за номинација.

Контакт лице: Марија Димитриевска Цилакова 070 / 377 258

Испрати коментар

Scroll To Top