Насловна / Вести / Германија: Батериски парк од 600 милиони евра

Германија: Батериски парк од 600 милиони евра

Големите системи за складирање на енергија во батерии (BESS) играат клучна улога во интеграцијата на електричната енергија произведена од обновливи извори во електроенергетскиот систем. Еден од најголемите батериски проекти во Германија е планирано да се гради во Валтроп, во покраината Северна Рајна Вестфалија. Во почетната фаза, паркот ќе има моќност од 900 MW и капацитет на складиштење од 1.800 MWh. Почетокот на изградбата е закажан за јануари следната година, а пуштањето во работа е планирано за првиот квартал од 2028 година.

Од енергетската компанија BKW, која заедно со Trianel и Luxcara, ќе го реализира овој батериски парк, соопштуваат дека вредноста на нивното вложување надминува 200 милиони евра, додека вкупната вредност на инвестицијата изнесува над 600 милиони евра. Според податоците на платформата Battery Charts на Техничкиот Универзитет Aachen, моментално во Германија постојат 317 големи батериски системи, секој со капаците поголем од 1.000 kWh.

Испрати коментар

Scroll To Top