Насловна / Вести / Ова се најпопуларните апликации во европските земји

Ова се најпопуларните апликации во европските земји

Инстаграм профилот Maps Interlude, ја објави мапата на Европа на која е прикажано која апликација е највеќе пати инсталирана во европските земји во текот на 2024 година. Доминираат три апликации, а најпопуларна меѓу нив е Temu, која и граѓаните на Македонија највеќе ја инсталирале. Оваа апликација е најпопуларна и во Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Шпанија, Португалија, Франција и други земји. Покрај Temu, на мапата доминира и ChatGPT, кој е посбно популарен во централна и југоисточна Европа, особено во Словенија, Хрватска, Австрија, Унгарија и Романија.

Во повеќе земји, најпопуларна апликација е TikTok. Кинеската платформа за споделување на кратки видеа е најпопуларна апликација во Италија и Црна Гора. Интересно е да се спомене дека во Бугарија, најчестиот избор на граѓаните е Tetris, некогаш најпопуларната видео игра на светот.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top