Насловна / Вести / DIVA UTOPIA носи револуција во модерниот аудио свет – спој на уметност, технологија и наследство

DIVA UTOPIA носи револуција во модерниот аудио свет – спој на уметност, технологија и наследство

Во светот на луксузниот звук, каде што естетиката се среќава со технологијата, францускиот Focal, синоним за врвен аудио квалитет, го претставува својот најамбициозен проект досега: DIVA UTOPIA, првиот целосно безжичен, активен и паметен звучник во историјата на брендот.

Создадена во текот на пет години внимателен развој, оваа звучна скулптура комбинира hi-fi перформанси, елегантен дизајн и напредни технологии за поврзување – и тоа сè без ниту еден компромис. Инспириран од моќта и софистицираноста на оперските диви, моделот DIVA UTOPIA е вистинското олицетворение на филозофијата на брендот Utopia – посветеност на иновации, перфекционизам и уникатно аудио искуство кое ги надминува очекувањата и евоцира емоции. Focal не само што го редефинира концептот на безжичен звук, туку го крева на ниво кое никогаш порано не е видено – звук без граници, со стил достоен за најелегантните ентериери.

Од легенда до револуција

Првата верзија на Diva Utopia лансирана е во далечната 1995 година како пасивен звучник и брзо доби легендарен статус меѓу аудиофилите. Денес, речиси три децении подоцна, новата DIVA носи револуција во модерниот аудио свет – спој на уметност, технологија и наследство, преточен во звучник кој го слави минатото и ја најавува иднината.

Срцето на системот е составено од конусни мембрани Focal „W“ за исклучителна прецизност, додека берилиумскиот високотонец со M-профил обезбедува беспрекорна презентација на највисоките фреквенции – од нежни шепотечки ноти до најсуптилните вибрации на жиците. Моќта ја обезбедува појачувач Naim од 400 W, поврзан со најновата платформа за стриминг.

Технологија што ги поместува границите

DIVA UTOPIA доаѓа со комплетен спектар на опции за поврзување: Bluetooth®, AirPlay 2, Google Cast, UPnP™, како и пристап до сервиси како што се Spotify Connect, TIDAL и Qobuz. Благодарение на интегрираната Ultra Wideband технологија – развиена во партнерство – квалитетот на безжичниот звук го надминува дури и CD-то и влегува во доменот на студиската прецизност. Управувањето е интуитивно и прилагодено на современиот животен стил: преку мобилна апликација, далечинско управување или гласовни асистенти, со целосна контрола без потреба од кабли.

Дизајн за софистицирани простори

Како и звукот, дизајнот на DIVA UTOPIA е безвременски и драматичен – бочните бас драјвери се дискретно интегрирани, бочните „лебдечки“ облоги додаваат визуелна леснотија, додека логото со позадинско осветлување создава елегантен ефект на осветлување. Препознатливите карактеристики од линијата Utopia – двојната црвено-црна решетка на високотонецот и мат алуминиумската лента што го врамува – обезбедуваат хармоничен спој на традицијата и футуризмот.

Focal не ја заборавил ниту одржливоста – материјалите како филцот на сбочните панели се внимателно избрани, докажувајќи дека луксузот и екологијата можат да одат рака под рака.

„Нашата цел со моделот DIVA UTOPIA беше јасна – да понудиме супериорно корисничко искуство без никаков компромис во однос на перформансите. Горди сме што можеме да кажеме дека успеавме“, вели извршниот директор на Focal & Naim Group.

DIVA UTOPIA не е само звучник – тоа е аудио икона на една нова ера, совршена рамнотежа помеѓу уметноста и инженерството. За сите оние кои не прифаќаат компромиси, туку бараат чисто совршенство – и во звукот и во естетиката – оваа DIVA е подготвена да заземе централно место во секој луксузен простор.

Испрати коментар

Scroll To Top