Насловна / Арт и дизајн / Легендарната столица на Гауди за прв пат излегува од ѕидовите на Casa Batlló

Легендарната столица на Гауди за прв пат излегува од ѕидовите на Casa Batlló

Легендарната столица од Барселона доби елегантно темно руво и за прв пат излегува од ѕидовите на познатата Casa Batlló.

За време на овогодинешниот фестивал NYCxDesign, њујоршката галерија Casa Valle во соработка со шпанската компанија BD Barcelona го претстави лимитираното издание на познатата столица Batlló, која ја дизајнирал Антони Гауди во 1904 година за трпезаријата на култната куќа Batlló. Оваа зграда, денес под заштита на УНЕСКО, е едно од најпрепознатливите дела на каталонскиот модернизам, а самата столица стана икона на експресивниот, речиси скулпторски дизајн на Гауди, пишуваат светските медиуми.

Нов контекст, иста магија

Токму оваа столица, со свиткани ногарки, рачно изработен потпирач за грб и форма што ја следи линијата на човечкото тело, сега добива нов изглед во темно кафеава ебонизирана завршна обработка. Елегантното и драматично издание е достапно во само 50 нумерирани примероци, рачно изработени во Барселона, во согласност со оригиналните пропорции на Гауди. Секоја доаѓа со сертификат за автентичност и детали што ја слават занаетчиската прецизност.

Од Барселона до Трибека

Идејата за оваа реинтерпретација е родена откако Giancarlo Valle и Jane Keltner de Valle, основачи на галеријата Casa Valle, ја посетиле Барселона и делата на Гауди. Инспирирани од неговиот холистички пристап кон просторот, каде што архитектурата и мебелот се неразделни, тие посакале да ја претстават оваа столица во нов контекст.

„Не интересираше како изгледа дизајнот на Гауди кога го изместуваме од местото за кое првично бил наменет и кога го ставаме во дијалог со други епохи и култури“, вели Keltner de Valle.

Во галеријата во Трибека, столицата Batlló е изложен во предниот простор, покрај сина маса од смола од нивната препознатлива колекција, на позадина во црвени тонови инспирирана од домот на Салвадор Дали – омаж на шпанската уметност во најширока смисла.

Гауди како современик на иднината

Иако познат како автор на Саграда Фамилија (која конечно треба да биде завршена во 2026 година, точно сто години по неговата смрт), Гауди официјално го започна патот кон канонизација на почетокот на годинава – неодамна починатиот папа Франциско го прогласи за „чесен слуга Божји“.

Но, она што Casa Valle со овој проект порачува е дека Гауди е сè уште релевантен и денес – како дизајнер, визионер и занаетчиски перфекционист. „Неговиот модернизам и органски форми никогаш не биле посовремени“, велат од галеријата.

Оригиналниот дизајн на Гауди на столицата за Casa Battló

Испрати коментар

Scroll To Top