Насловна / Вести / Турција откри нови резерви на природен гас во Црното море

Турција откри нови резерви на природен гас во Црното море

Турција пронашла нови резерви на природен гас од 75 милијарди кубни метри, што е голем чекор кон постигнување на уште поголема енергетска независност на оваа земја. Наоѓалиштето е во Црното море, на 69 километри западно од веќе постоечко гасно поле и 165 километри од брегот. Вредноста на овие залихи е проценета на 30 милијарди долари. Од Центарот за истражување на енергетски стратегии и политики (TESPAM), за турските медиуми соопштиле дека производството ќе биде фазно, како и дека максималното годишно производство ќе биде околу 6 милијарди кубни метри.

Гасните полиња во Црното море испорачуваат околу 9,5 милијарди метри кубни природен гас, со што се снабдуваат околу 4 милиони домаќинства. Турција планира да го удвои производството на природен гас до 2026 година, односно да го зголеми четирикратно до 2028 година. Вкупните потврдени резерви на природен гас на Турција во Црно море сега изнесуваат 785 милијарди кубни метри.

 

Испрати коментар

Scroll To Top