Насловна / Вести / Ново издание: Проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови и на македонски јазик

Ново издание: Проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови и на македонски јазик

Ново електронско издание – прв модул од серијата прирачници за проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови, сега достапен и на македонски јазик.

НОВО ИЗДАНИЕ – ПРОЕКТИРАЊЕ КОНСТРУКЦИЈА ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ

Модул #𝟭 – Дејства

Што содржи овој прирачник?

  • Детална пресметка на сите дејства според Еврокодовите
  • Практични примери за пресметка на постојани и корисни дејства
  • Анализа на дејства од снег, ветер и земјотрес
  • Земјен притисок на подрумски ѕидови
  • Ефекти од несовршености
  • Комбинации на оптоварувања за ГСН (ULS) и ГСУ (SLS)

Што го прави овој прирачник посебен?

Македонската верзија е целосно прилагодена со националните параметри (NDP) од Еврокод стандардите и содржи дополнително поглавје за сеизмички дејства, што не е присутно во оригиналната англиска верзија.

За авторите:

  • Лаурин Ернст – Градежен конструктор и основач на Structural Basics, со богато искуство во проектирање на различни видови конструкции
  • Проф. д-р Сергеј Чурилов – Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје, со над 20 години искуство во проектирање, ревизија и анализа на градежни конструкции

Идеален за:

  • Студенти по градежништво
  • Инженери кои работат со Еврокодови или сакаат да ги освежат и прошират своите знаења

Набавете го вашиот примерок во електронска форма:

Стандардна цена за македонското издание: https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings

Цена за студенти (со попуст): https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings?promo=19GCIH6827

Овој прирачник е резултат на соработката со Laurin Ernst од Structural Basics, кој несебично го сподели своето знаење и искуство. Благодарност до него за оригиналната верзија и можноста да ја адаптираме за македонскиот пазар.

Испрати коментар

Scroll To Top