Насловна / Вести / Се пушта во работа вториот HVDC кабел од копнениот дел на Грција до Крит

Се пушта во работа вториот HVDC кабел од копнениот дел на Грција до Крит

Операторот на преносниот систем на Грција IPTO, ги довршува последните елементи во проектот Ariadne Interconnection. Станува збор за електроенергетската врска која од локација на Атика во близина на Атина, до Крит оди по дното на морето, а најдлабоката точка е меѓу најголемите на светот досега. Компанијата планира пред крај на месецот да го пушти во погон овој високонапонски кабел за еднонасочна струја (HVDC).

Последните проби и проверки на опремата во конверторската станица се при крај, пред вклучување на струјната врска Атика – Крит во пробна работа. Ariadne Interconnection се состои од два кабли од 500kV, и капацитет од исто толку MW. Проектот вреди повеќе од 1,1 милијарди евра, и е кофинансиран преку државната програма NSRF 2014-2020 и NSRF 2021-2027, во износ од 535,5 милиони евра. Потфатот е замислен уште во деведесетите години на минатиот век. Изведувачи се Nexans и Prysmian. Ariadne е дел од предложениот електроенергетски коридор замислен да помине преку Кипар до Изреал. Делницата од Крит до Кипар значително доцни поради проблеми со финансирањето и спорови околу сопственоста.

Испрати коментар

Scroll To Top