Насловна / Архитектура / Добитник на овогодинешната ЦИВИК ТРАСТ специјална награда за исклучително достигнување

Добитник на овогодинешната ЦИВИК ТРАСТ специјална награда за исклучително достигнување

Во петок, 4 март 2025 година во живописното и историско пазарно гратче Алтринчам, оддалечено околу 13 километри југозападно од Манчестер, се одржа овогодишната церемонија за доделување на 66-та по ред годишна Цивик Траст награда.  И оваа година меѓународниот значај на наградата е потврден со поднесувањето на над 250 проекти од Обединетото Кралство, Канада, Германија, Индија и Шведска, од коишто националното жири од 19 члена селектирало вкупно 106 проекта во различните категории за доделување  на награда.  Од овие селекторани проекти на 61 од нив им биле доделени награди и признанија.  Традиционално, од наградените објекти Националното жири дополнително одбира проекти на коишто им се доделуваат Специјални награди на оние коишто искажале извонредност во специфични области.  Оваа година биле доделени шест Специјални награди, и тоа:

  1. Специјална награда за исклучително достигнување на Јунион Терас Гарденс во Абердин, Шкотска, на пејзажниот архитект Л.Д.А. Дизајн и на архитектот Сталан Бранд.

Овој проект се смета како еден од најважните проекти на регенерација на паркови во Обединетото Кралство.  Распостелен помеѓу многу од најдобрите објекти, паркот е најзначајниот зелен простор во градот.  Лоциран во стрмна речна долина и ограничен со железничка пруга, паркот се карактеризира со драматичен, но предизвикувачки релјеф.  Со потекло од 1878 година овој парк со големина од еден хектар долго време завзема централно место во историјата на градот и е близок до срцата на луѓето.

Урбанистичкиот план од 2016 година утврдил 22 локации за инвестирање за да се придвижи регенерацијата, при што Јунион Терас Гарденс бил идентификуван како прв проект којошто треба да се реализира за да послужи како катализатор за пошироките промени.  Определбата на Советот на градот Абердин, била градот да се здружи зад новиот и инклузивен проект којшто ќе го анимира просторот и повторно ќе го предаде паркот на граѓание, но притоа ќе го почитува неговиот Викторијански карактер и историја.  Над 6000 заинтересирани страни и граѓани придонеле кон процесот на проектирање и влијанието на консултацијата со заедницата јасно е одсликано во проектот преку кој се обезбедени рамен пристап од улиците на двата краја од паркот, нови павилјони со простори за кафетерии, ресторани, барови, тоалети, детски игралишта, изложебни и простори за настани, и уметнички поставки.

Еден од главните приоритети на заедницата и клучен аспект на проектот биле да се обезбеди пристапност за сите.  Резултатот е јавен простор кој е целосно пристапен и наполно вклучен.  За да се обезбеди проектот да е одржлив најмногу што е можно, секој историски објект бил разгледан за реновирање, реставрација и повторна употреба.  Минимизирана била употребата на нови материјали и зачувани се културните точки низ ревитализираната градина.

Сите историски гранитни елементи се задржани и обновени при што, централниот елемент на големите скали од гранит во долниот дела на градината макотрпно биле каталогизирани, размонтирани и повторно изградени за да вклучат патеки за инвалидски колички.  Новите згради вклучуваат зелени покриви и системи за собирање на дождовница, додека одржливата дренажа низ градините помага во управувањето со истекувањето на површинските води.  Мерките за подобрување вклучуваат создавање на зони со диви цвеќиња, ограничувања со грмушки, дополнителни дрвја коишто создваат мозаик од повеќе од 122.000 растенија, вклучувајќи 78.000 светилки.

Ваквиот пристап помогнал да се замени монокултурата на удобна трева на стрмните падини на градините, со дрвја и грмушки коишто оздаваат нови пејзажни коридори. Од отворањето, реконструкцијата на паркот наишла на добар прием од пошироката јаност.  Паркот добро се користи во текот на целата година за широк спектар на активности од сите сектори на заедницата и јасно дава извонреден архитектонски и граѓански придонес што се протега на пошироката регенерација на центарот на градот Абердин.  За жирито: „Јунион Терас Гарденс е триумф на урбанистичко планирање, пејзажно уредување, архитектура и надворешно осветлување.  Земајќи го во предвид бројот на вклучени засегнати страни и ограничувањата на буџетот, постигнатото треба да се одбележи.“

2. Специјална награда за одржливост, спонозорирана од Дервент Лондон, на Вест Енд Проџект во Камден, Грејтер Лондон, од пејзажниот архитект Л.Д.А. Дизајн и инженерот Аркадис.

Овој проект е одраз на амбицијата на Советот на Камден да создаде позелени, поздрави и простори со билошка разновидност околу познатата Тотнам Корт Роуд улица, коишто ќе ги поддржат определбите за активен сообраќај, и промена на сивото со зелено преку одземање на сообраќајниците за да се создаде нов парк и супер-зелен пошумен јавен плоштад.

Проектот укажува на придобивките од размислувањето за мерка, создавањето на нови хабитати на зелени мрежи, неопходни за закрепнување на природата, поголема климатска отпорност и намалување на ефектот на урбани острови на топлина. Користените материјали биле обезбедени од одржливи британски извори, каде тоа било можно и избрани заради нивната дологтрајност, одржливост и лесна поправливост.

Реализацијата на проектот го намалила моторниот сообраќај на улицата Тотнам Корт Роуд за 70 отсто во текот на денот, а го зголемила велосипедскиот и пешачкиот сообраќај.  Квалитетот на воздухот се подобрил со 34 отсто помали нивоа на емисија  на NO2  на  Тотнам Корт Роуд и 37 отсто на Говер Стрит во споредба со оние од 2018 година.  Проектот исто така го дал својот придонес кон определбите за зголемување на зелените површини во Лондон за 1.134 метри квадратни, преку кои е подобрена биолошката разновидност и билошката отпорност.  Вкупно 50 нови дрвја биле засадени и додадени на 77 постојни стари дрва коишто се почитувани и здражани.

Во рамките на проектот слични активности биле презвземени и во Витфилд Гарденс, Алфре Плаце Гарденс и Принцес Гарденс.  Според жирито: „При справување со климатските потреби ние не само што треба да се посветиме на отпорноста и ефикасноста на нашите згради, туку исто така треба да се осигураме дека ќе се адаптираме кон пошироката изградена средина за да промовираме подобро закрепнување на природата и изградиме подобра отпорност кон климата.

Вест Енд Проџект ова година се истакна помеѓу пријавените трудови заради својата силна амбиција да одговори на предизвиците за урбано зазеленување на повеќе делови низ Камден, преку намалување на пополочените површини и повторно воведување на природата.  Придобивките не само што го подобрија квалитетот на воздухот низ околината, туку и ги зближија луѓето до природата.  Ова е многу важна придобивка и модел за остатокот на Лондон и дуги градови низ Обединетото Кралство.“

3. Специјална награда за преупотреба и адаптација, спонзорирана од Е.П.Р. Архитектс на Мери Вард Центре во Њухам, Грејтер Лондон, на архитектот А.Дупло-Ве. Дупло-Ве.

Мери Вард Сетлмент е добротворна организациа која нуди повеќе услуги со фокус на поддршка на напорите и достигнувањата на луѓето преку образование за возрасни, пристап до социјала помош и правда, и услуги на заедницата. Преку длабок ретрофит на Квинсвеј Хаус во Источен Лондон, постоечкиот административен објект вон употреба, добротворната организација добила можност да ги консолидира своите постоечки образовни и правни служби, кои дотогаш се наоѓале на две одделени локации и да овозоможи создавање на специјализиран центар за доживотно учење на заедницата.

Мери Вард Центер го отелотворува напредокот и можностите, укажувајќи на трансформативната сила на филозофијата за појдовно да се разгледаат опциите за ретрофит. Како резултат на овој пристап преку проектот се зачувани 65 отсто од вкупната конструкција на постојниот објект, со што се усогласува со принципите на кружната/циркуларната конструкција и намалување на влијанието на околината поврзани со изградба на нови објекти.

За жирито: „Мери Врад Центер е заслужен добитник и одличен пример за тоа што со етиката на адаптивна реупотреба може да се постигне.  Пренамената од недоволно користен нискоквалитетен административен објект во  образовна институција, предводена од заедницата, истовремено со очувување на 65 потсто од  оригиналната градежна конструкција, била трансформативна за клиентот, објектот и за поширокиот контектс. Проектот на А. Дупло-В. Дупло-В. Укажува на сите придобивки од пристапот најпрвин кон ретрофит, без да го компромитира кавлитетот на проектот и вклученоста.“

4. Специјална награда Мајкл Мидлтон, спонзорирана од Блу Лајт Менаџмент, на:

  • Елизабет Тоуер во Вестминстер, Грејтер Лондон, на архитектот Пурцел. Деталното реновирање на Елизабет Тоуер, популарно позната како Биг Бен, се смета дека представува монументално достигнување во доменот на заштитата на историските објекти.

Со овој проект не само што е обновен конструктивниот интегритет на култа и нејзината естетската велелепност, туку исто така е збогатена нејзината историска автентичност и функционалност, значајно приднесувајќи кон заедницата и корисниците.

Деталниот пристап кон зачувувањето на оргиналните материјали и техники се смета како особено значаен триумф на проектот.  Според жирито: „Ова реновирање ја истакнува најдобрата пракса во доменот на заштитата на историските објекти, храмонизирајќи ја традицијата и иновацијата за да се зачува оваа сакана градба за иднината.  Деталната изведба и обмислениот пристап воспоставуваат појдовна точка за идните конзерваторски напори.“

  • Вестминстер Хал Конзерватион Проџект во Вестмистер,орејтер Лондон на архитектот Доналд Инсал Асошиетс.

Овој проект на архитектонска конзервација е одраз на одличноста во доменот на заштитата на историските градби и ги презентира иновативните техники и посветеноста на балансирање на архитектонскиот интегритет со современата функционалност.

Реставрацијата на еден од најзначајните средновековни објекти во Европа не само што го зачувува архитектонското богатство на објектот, туку и ја истакнува неговата витална улога во јавниот и политичкиот живот.  Конзерваторскиот пристап базиран на минимални интервенции ја одразува почитта на проектот кон историското ткиво на објектот.

Според жирито: „Конзерваторскиот проект на Вестминстер Хал не само што зачувува историска градба, туку и го збогатува нејзиното историско и културно наследство.  Тој укажува како обмислена реставрација може да ја зголеми функционалноста и пристапноста на историската зграда, придонесувајќи кон заедницата и идните генерации.“

5. Специјална награда за позитивно влијание и вклученост на заедницата на Тоуер Корт во Хакни, Грејтер Лондон, на архитектот Адам Кан Архитектс.

Станува збор за проект на урбана обнова, каде два дотраени и неекономични за реконструкција блокови од 1950-те години биле срушени во 2014 година за во рамките на овој проект да бидат заменети со 132 современи и квалитени домови за изнајмување, споделена сопственост или продажаба во комбинација со комерцијални содржини за потребите на Советот на Хакни, вклучително со станбени единици за жителите повратници, кои претходно живееле во двата срушени блока.

Од самиот почеток на работа на проектот, проектансткиот тим дал приоритет на детален и внимателно обмислен процес на вклученост и консултации, преку кои се водела сметка да се разберат културелните и практичните потреби на идните жители од Хареди еврејската заедница која стриктно ги инетерпретира религиозните извори и ги прифаќа еврејските закони Халака и традиции.

Ваквиот пристап овозможил архитектонските одговори да се базирани на согледувањата на вистинската заедница наместо на претпоставки за нивните потреби.  За жирито: „Овој проект е олицетворение за тоа како длабоко и со почит вклучување на заедницата може да води кон проектантски решениа коишто не се само што се функционални, туку и навистина сакани од оние кои живеат во нив“.

Испрати коментар

Scroll To Top